Memorandum_mk
26.06.2020
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ УЧЕСТВУВАШЕ НА 24 ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ИОТА ОДРЖАНО ON-LINE

Во периодот 24-25 јуни 2020 година се одржа на 24. Генерално собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA). Поради здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID -19 оваа година Годишното собрание на ИОТА се одржа онлајн преку веб платформа.
На собранието учествуваше Директорката на Управата за јавни приходи г-ѓа Сања Лукаревска и раководителот на Секторот за меѓународна соработка при УЈП г-дин Марјан Михајловски
Раководствата на даночните администрации од 44- земји што учествуваа на ова Годишно собрание ги усвоија основните документи на организацијата и ја донесоа Годишната програма за работа за 2021 година, и ги избраа највисоките органи на ИОТА за 2020/2021.
На Годишното собрание се дискутираше и за продлабочување на меѓусебната соработка со цел одржливо и успешно деловно функционирање на даночните управи во време на пост-кризна состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, поддршка на даночните администрации , како даночните администрации од земјите членки на ИОТА одговориле на предизвикот Ковид 19 што научиле од оваа криза и кои мерки ги преземале .
Следното 25. Генерално собрание на Интра-европската организација на даночни администрации (IOTA) ќе го води даночната администрација на Грција, каде што и истото ќе се одржи.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија