Memorandum_mk
03.06.2020
ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ ГИ КОРИСТАТ МЕРКИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕСЕЦ МАЈ 2020 ГОДИНА

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020.

  • За мерката - Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени.
  • За мерката - Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени.
  • За мерката - Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени.

Мерките се реални, мерките се остваруваат, поднесете барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија