Со цел елиминирање на секоја можност за ширење и превенција од вирусот Covid-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи известува дека го ограничува времето за прием на странки од 10:00 до 12:00 часот во Генерална/Регионални дирекции/одделенија/шалтери.
Управата за јавни приходи ги советува граѓаните и даночните обврзници наместо да доаѓаат лично во Управата за јавни приходи, да ги користат електронските услуги е-Даноци, e-Персонален данок, МојДДВ, kontaktcentar.ujp.gov.mk, како и да контактираат со УЈП преку е-пошта: info@ujp.gov.mk и телефонските броеви 0800 33 000 (само од фиксна) и 02 3253 200 (од сите оператори).