Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
04.03.2020
ПОДНЕСЕТЕ “ДЛД-ДБ” И “Б” ЗА 2019 ГОДИНА ПРЕКУ СИСТЕМОТ Е-ПДД

Управата за јавни приходи информира дека системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk, ќе биде привремено недостапен поради имплементација на обрасците “ДЛД-ДБ” и “Б” за 2019 година кои задолжително се поднесуваат по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk.

На системот е-Персонален данок поставено е Барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем на управување (образец ДЛД-02), кој ќе започне да се поднесува електронски преку e-pdd.ujp.gov.mk во 2021 година.

Во системот е-Персонален данок во модулот„Доход од вршење самостојна дејност“ се содржи под-модулот Вистински доход, преку кој се врши внес и обработка на:

  • Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и
  • Годишен даночен биланс (образец ДЛД-ДБ).

При внес на обрасците, редоследно прво се пополнува Билансот на приходи и расходи (образец “Б”), а откако истиот ќе биде потпишан се внесува Годишниот даночен биланс (образец ДЛД-ДБ).
По добивање на статус „Потпишана“ на образецот ДЛД-ДБ, автоматски се креираат пресметки за конечната даночна обврска по даночниот биланс и аконтативните пресметки за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход. Пресметките може да ги прегледате во менито „Аконтативна пресметка“ и да испечатите рекапитулација. Реализацијата на налозите за плаќање треба да се изврши преку образецот ПП53 (налогот од рекапитулацијата).

Корисни информации:
- “ДЛД-ДБ” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/207)
- “Б” (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/214)

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија