Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
28.02.2020
ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП НА СРЕДБА СО КОМПАНИИ ОД КАВАДАРЕЧКИОТ РЕГИОН

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска во Кавадарци заедно со тим од Управата за јавни приходи и претседателот на Регионалната Стопанска Комора - Никола Наумов оствари средба со претставници на компании од регионот на Кавадарци.
На средбата се дискутираше за примената на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, каде на присутните им беше објаснет начинот на поднесување на барањата за добивање на субвенции по овој основ како и придобивките од оваа мерка не само за нив работодавачите, туку и за вработените со цел поттикнување на економскиот раст и развој на Република Северна Македонија. Се дискутираше и за даночните олеснувања и ослободувања пропишани во Законот за данокот на добивка, како и за новините во работењето на Управата за јавни приходи. На средбата стопанствениците информираа за потешкотиите со кои се соочуваат при работата и дискутираа за можни решенија. Управата за јавни приходи гради партнерски однос со даночните обврзници, а стопанствениците веќе тоа го препознаваат, преку нивната се поголема активност и присутност на ваквите средби.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија