Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
28.02.2020
ПОСЕТА НА КОМПАНИЈА КОРИСНИК НА МЕРКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес заедно со Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ ја посетија компанијата Босут од Куманово, која е корисник на мерката за субвенционирање на придонеси во случај на зголемени плати за вработените, како и на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, по разговорите со сопственикот и менаџментот на компанијата, посочи дека компанијата постојано ја зголемува својата продуктивност преку техничко-технолошки развој и овозможува добри услови за работа на нивните вработени. Таа дополни дека оваа компанија е дел од вкупно 22 илјади компании на територијата на целата држава кои ја користат мерката за субвенционирање на придонеси во случај на покачување на плати за вработените.
„Она коешто треба да се истакне е дека во оваа компанија околу 75% од работниците се субвенционирани преку последниот закон за субвенционирање на придонеси при раст на плати и ова укажува дека во текстилната индустрија имаме одлични примери каде што расте продуктивноста, растат платите, а со тоа ја подобруваме и економијата во нашата држава. Во последните пресметки заедно со УЈП утврдивме дека вкупно 119.445 илјади работници во државата во моментот ја користат оваа мерка за субвенционирање и со тоа растат платите во нашата држава. Се виде дека последните статистички податоци за декември покажаа дека просечната плата навистина рапидно расте и во континуитет се случува тоа, а тоа укажува дека и стандардот на живеење на нашите работници се подобрува“, потенцираше вицепремиерката Царовска.
Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, информираше дека компанијата Босут е исто така корисник на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кој што дава исти можности за домашните и странски компании и преку кој досега се поддржани околу 200 компании.
Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, се осврна на мерките кои произлегуваат од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2020 година, при што нагласи дека овие мерки се креирани токму за потребите компаниите, работниците и невработените лица во земјата, со особен фокус на младите лица.
Директорката на Управата за јавни приходи Лукаревска, истакна дека мерката за субвенционирање на придонеси во случај на покачување на плата е одлично прифатена во сите компании, на цела територија на Република Северна Македонија.
„Законот за сувенционирање на придонеси за повисоки плати е уште еден доказ дека владината програма и владините мерки секојпат се во интерес на граѓаните. УЈП направи една анализа во делот на тоа каде се имаме даночни обврзници коишто ја имаат искористено оваа мерка и за колку работници станува збор. На пример, во Скопје имаме 8.860 работодавачи на 51.760 вработени лица, во регионот околу Битола 4.230 работодавачи на 23.239 работници, во регионот на Прилеп 2.825 работодавачи на 14.890 работници, во Струмица 2.696 работодавачи за 13.651 работник, во регионот на Тетово 3.043 работодавачи за 10.498 работници и во регионот на Штип 4.151 кој што се однесува за 26.844 работници“, - ги претстави анализите направени согласно регионалните дирекции коишто ги има УЈП и се однесуваат на регионално ниво, директорката Лукаревска.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија