Memorandum_mk
28.02.2020
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ИЗВРШИ ОБУКА ЗА НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ ,,ДЛД-ДБ” И ,,Б”

Денес стручните служби на Управата за јавни приходи извршија обука за Начинот на поднесување на обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б. На обуката присуствуваа даночни обврзници од регионот на Скопје и Тетово.

На учесниците на обуката им беа презентирани одредбите од Законот за данок на личен доход кои се однесуваат на доходот од самостојна дејност, односно кој е даночен обврзник, што претставува даночна основа, пресметување на данокот на доход од самостојна дејност и плаќањето на данокот на доход од самостојна дејност.

Фокусот на обуката беше поставен на практична презентација на пополнувањето на Годишниот даночен биланс (образец “ДЛД-ДБ”) и Билансот на приходи расходи (образец “Б”) кои ги пополнува обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност и кој води деловни книги. Обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку e-pdd.ujp.gov.mk, најдоцна до 15 март во наредната година, како и до Централниот регистар на РСМ.

Управата за јавни приходи продолжува со градењето на партнерски однос со даночните обврзници а еден од тие механизми беше токму и денешната обука.

     

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија