Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
17.02.2020
ДЕЛЕГАЦИЈА НА УЈП НА РАБОТНА СРЕДБА ВО ТИРАНА СО АЛБАНСКАТА ДАНОЧНА АДМИНИСТРАЦИЈА

Денес во Тирана, Делегација на УЈП предводена од Директорката на УЈП Сања Лукаревска оствари работна средба со менаџментот на Даночната Администрација на Албанија, предводен од директорката Делина Ибрахимај.
На работната средба двете први дами на даночните администрации Лукаревска и Ибрахимај истакнаа дека ќе ги продлабочат заедничките иницијативи започнати на неодамнешната посета на Албанската даночна администрација во Скопје, особено за покажаната заинтересираност за имплементација на проектот МојДДВ во Албанија, како и во делот на превенција, откривање и борба против даночна евазија во двете земји.

На работната средба претставниците од Албанската даночна администрација го презентираа новиот ИТ систем имплементиран во Албанија, процедури при фискализација, нови услуги кои даночната администрација ги овозможува на даночните обврзници како и планови во областа на ДДВ. 

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија