Заради целосно запазување на законскиот рок за поднесување на “Барање за отпис на пресметани неплатени камати по основ на обврските за јавни давачки кои доспеале за плаќање на 31.12.2008 година“, даночните канцеларии на Управата за јавни приходи ќе вршат архивски прием на Барањата и во сабота 31.01.2009 година, од 08,30 до 16,30 часот.
Истовремено, ги известуваме даночните обврзници дека правото на отпис на каматите се остварува со поднесување на пропишан образец БОК - Барање за отпис на пресметани неплатени камати.
Кон барањето потребно е да се поднесат и следните прилози со кои се докажува оправданоста на самото барање:
- Спецификација за пооделните видови на даноци според троцифрените нумерации за кои постои различен период на доспеаност
- Копија на решенијата издадени од соодветниот орган
- Копија на даночните пријави составени за соодветниот даночен период