Memorandum_mk
25.10.2019
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВА ДО 28 ОКТОМВРИ

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 25 Октомври 2019 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2019) се продолжува за (три) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 28.10.2019 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија