Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
26.07.2019
Директорката на УЈП Сања Лукаревска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ја промовираат мерката МојДДВ

Гевгелија 25.07.2019 година - Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски со карванот Мој ДДВ ја промовираа мерката поврат 15 % од платениот ДДВ на граѓаните во Гевгелија.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска посочи дека од почетокот на проектот забележани се успешни резултати, граѓаните активно учествуваат во намалувањето на неформалната економија и не дозволуваат да им биде одземено правото на поврат од ДДВ со не издавање на фискална сметка што е за поздравување. Бројот на скенирани фискални сметки од стартот на овој проект до 24 јули 2019 година изнесува 5,4 милиони денари, остварен е промет од над 2,7 милијарди денари, со вкупно ДДВ од 298,8 милиони денари, а повратот 15% за граѓаните изнесува 44.827 ,089 денари.
Директорката истакна и дека се бележи и намалување на процентот на сторнирани сметки во однос на истиот период од минатата година, како резултат на оваа мерка што значи граѓаните си ги бараат и ги земаат фискалните сметките и не ги оставаат истите да се злоупотребат.
Поради тоа што до Управата за јавни приходи, стигнуваат и поплаки од граѓани за бледи фискални сметки и баркодот не може да биде вчитан, Директорката апелираше до сите супермаркети и други правни лица коишто се занимаваат со продажба и нудење на услуги, да ги сервисираат своите фискални апарати, што е и нивна законска обврска според одредбите од член 14 од ЗРГП, за да можат граѓаните да го остварат своето право.

Министерот за ЗШВ, Трајан Димковски ја поздрави мерката и изјаваи дека на овој начин со враќање на парите назад кај граѓаните, се подобрува животниот стандард на граѓаните, потрошувачката моќ на граѓаните и крајно целта е подобрување на економскиот раст. Токму преку фискализацијата се овозможува намалување на сивата економија и повеќе пари се слеваат во буџетот. Преку зголемените приходи во буџетот во делот на земјоделството се овозможуваат и повеќе пари за земјоделците за подобра исплата на субвенциите, повеќе инвестиции во бизнис секторот.

Караванот на МојДДВ продолжува и во наредниот период на различни локации со цел промовирање на мерката и информирање на граѓаните. Повеќе детали за “Мој ДДВ” граѓаните може да се прочитаат на веб страницата на Управата за јавни приходи.

 
   
   

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија