Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
07.06.2019
Претставници од УЈП на Објаснувачки состанок за Поглавје 16 (оданочување) во Европска Комисија на ЕУ во Брисел

Претставници на Управата за јавни приходи беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која во периодот од 2-4 јуни 2019 година, учествуваше на Објаснувачкиот состанок за Поглавје 16 (оданочување) како дел од подготовките за почеток на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија што се одржа во Европската Комисија во Брисел.

На овој состанок беше презентирано законодавството на ЕУ во делот на даночната регулатива што претставува првата фаза во скрининг процесот на Европската комсија за почеток на преговорите, а во насока на усогласување на регулативата на ЕУ со домашното законодавство, по што ќе следува втората фаза – билатерален скрининг.

Управата за јавни приходи даде активен придонес во сесиите за прашања и одговори, во делот на административната соработка, справувањето со даночни измами и наплата на побарувања по однос на данокот на додадена вредност.

   

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија