Во огласот за продажба на недвижност по пат на втора усна јавна аукција за даночниот должник “ЖИТО СКОПЈЕ“ СКОПЈЕ, објавен на ден 15.01.2009 година на веб страната на УЈП и во дневниот весник “ДНЕВНИК“ во делот кој се однесува на деловен објект запишан во Имотен лист бр.1044 за КО Гази Баба, К.П. 1965 на в.м. “357“, со вкупна површина од 2729 м2, во почетната цена на недвижноста направена е техничка грешка, наместо износот од 11.792.018,00 денари, треба да стои износ од 111.792.018,00 денари.