Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
14.03.2019
Работилница за стечајна постапка и ликвидација на стечаен должник

Скопје, 13.03.2019 година - Управата за јавни приходи во соработката со Комората на стечајни управници одржа работилница за стечајната постапка, реорганизацијата и ликвидацијата на стечајниот должник.
Управата за јавни приходи во стечајната постапка се јавува како доверител на стечајната маса и доверител со право на одвоено намирување, за побарувања коишто произлегуваат од неплатените даночни обврски на стечајниот должник.

Во стечајната постапка Управата за јавни приходи има еднаков третман со останатите доверители, но фактот што побарувањата на УЈП се во крајна линија јавни приходи наменети за финансирање на јавните расходи, покажува дека УЈП сепак се разликува од доверителите чиишто побарувања произлегуваат од облигациони односи со стечајниот должник.
На работилницата, преку панел дискусија, се разгледаа отворени прашања и дилеми коишто произлегуваат од праксата и се донесоа заклучоци за усогласување на постапувањето.

На работилницата присуствуваа вработени од Управата за јавни приходи, како и Претседателот, Потпретседателот и членови на Управниот одбор на Комората на стечајните управници.

 

     
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија