Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.03.2019
Женското претприемништво клучно за економскиот раст во земјата

По повод одбележување на месецот на жената и јакнење на женското претприемништво, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска оствари средба со претставнички на Здружението на бизнис жени, на коешто претседателка е Валентина Дисоска. Тргнувајќи од фактот дека главна цел на ова здружение е економското јакнење на жената преку развој на женското претприемништво, на средбата директорката на УЈП и членките на Здружението разменија идеи за унапредување и зајакнување на меѓусебна соработка. На средбата се разговараше за актуелната позиција на жената во македонското претприемништво денес. Двете страни утврдија дека е потребно да се обезбеди поддршка и промоција на жените претприемачи во Република Северна Македонија, земајќи предвид дека женското претприемништво е клучен фактор за економскиот раст. Процентуално, Во Република Северна Македонија, повеќето жени се сопственички на микро и мали компании преку кои заработувачката е мала. Токму затоа на средбата се разгледаа и можности за зајакнување на женското претприемништво како и за охрабрување на жената претприемач. Здружението на бизнис жени е оформено и активно делува од 2010 година и има над 350 активни членки и над 1000 следбенички.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија