Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.01.2019
УЈП разви модул за автоматски поврат на даноци

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска денеска во Регионалната дирекција Скопје, го пречека министерот за финансии, Драган Тевдовски, кадешто разговараа за реализираните проекти и реформите на УЈП во изминатата година како и за активностите на коишто Управата за јавни приходи ќе се посвети во текот на 2019 година.

При посетата, Лукаревска одблизу го запозна Тевдовски со тековниот процес на работа во Регионалната дирекција, а министерот и лично имаше можност да поразговара со вработените на кои им честиташе за досега успешно спроведените активности.

     
На средбата во текот на разговорот, Лукаревска и Тевдовски го истакнаа и редовниот и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите, за што Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници.

Преку развојот на Модулот за автоматско пребивање се воспостави систем за неселективен и автоматски поврат на даноци кон даночните обврзници. Пример за тоа е повратот на ДДВ кон претпријатијата во 2018, кој беше брз и неселективен. Минатата година реализираниот поврат на ДДВ изнесува 23,1 милијарда денари и тој е за 19,3% повисок од 2017 година. - рече министерот за финансии Тевдовски.

     

Инаку за подобро функционирање и давање на подобри услуги на граѓаните и фирмите, УЈП оди кон автоматизирање на процесите. Во таа насока се и платформата е-персонален данок и претпополнетата даночна пријава. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери. Благодарение на електронскиот систем, граѓаните ќе имаат и увид во своите приливи, платените и неплатени придонеси.

Целосно сме посветени на реализација на започнатите проекти и на реформите коишто се предвидени за годинава. Со задоволство можам да кажам дека веќе имаме 100% успешност на е-Персонален данок системот на којшто се регистрираа 656 000 граѓани, а се уште се регистрираат и физичките лица кои до тој рок не го направиле тоа. Успешната реализација е благодарание и на сите граѓани кои и дадоа шанса на оваа реформа и соработуваат со Управата за јавни приходи. Од 1 Јануари веќе започнавме со подготвување на претпополнета Годишна даночна пријава којашто ќе им биде доставена на сите физички лица регистрирани на е-пдд, по што од нив ќе чекаме потврда или корекција, со што верувам дека целосно ќе заокружиме еден успешен процес- рече директорката Лукаревска.

     

Исто така, во насока на автоматизирање на процесите УЈП воведе софтвер за евалуација на ризикот, кој овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер се обезбедува објективна селекција на даночни обврзници за контрола, преку автоматизација на процесот со што значително се намалува човечкиот фактор. Годинава ќе се стартува со редовна примена на системот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија