Согласно Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр.241/18 од 26.12.2018 година, кој започна да се применува од 1 јануари 2019 година, извршено е усогласување на структурите за вид и подвид на приход за поднесување на е-ППД со прикачување на xml фајл.
Истите може да ги превземете од системот е-Персонален данок, во делот Аконтативна пресметка - прикачување на xml фајл. Во самите структури означен е и датум на важење по пооделните видови и подвидови на приходи.