Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
18.12.2018
Граѓани - Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември)!

Наближува крајниот рок за регистрација на системот е-Персонален данок (31 Декември).
Граѓаните кои досега не ја исполниле својата обврска и не се регистрирале на е-пдд системот, Управата за јавни приходи потсетува дека покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје, отворени се и дополнителни шалтери лоцирани во:

  • општина Ѓорче Петров - во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица) и
  • општина Аеродром - во општинската зграда на втори кат.

Канцелариите на УЈП во овие две општини се отворени секој работен ден до 31.12.2018 година со работно време од 08.00 до 18.00 часот

  • во општина Кисела Вода - барака број 4,
  • општина Гази Баба - барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП) и
  • општина Чаир.

Даночните шалтери во овие три општини се отворени секој работен ден до 31 Декември со работно време од 08.00 до 16.00 часот.
Ве известуваме дека и Регионални дирекции на УЈП во Скопје, Штип, Тетово и Битола работат од 07.00 ч. до 21.30 ч.
Со истото работно време ќе работат и во наредниот период, освен 31 Декември 2018 година, кога ќе бидат отворени до 16.30 часот.
Регионалните дирекции ќе бидат отворени за граѓаните и во последните две саботи од месецот, односно на 22.12.2018 и 29.12.2018 со работно време од 08.00 до 14.00 часот.

На следниот линк http://ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/400 е и распоредот на вонредниот возен ред на “Мобилен даночен шалтер” којшто ги посетува населените места во Скопје каде Управата за јавни приходи нема постојани даночни канцеларии.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија