Memorandum_mk
29.11.2018
Учениците од СЕПУГС во посета на Регионалната дирекција Скопје

По повод Денот на даночните работници, учениците од четвртата година при СЕПУГС “Васил Антевски Дрен “ ja посетија Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи во Скопје. Нивни домаќин беше директорката на УЈП, Сања Лукаревска која на учениците подетално им образложи како функционира Регионалната дирекција Скопје. Учениците имаа можност да се запознат со работните процеси и секојдневното работење во УЈП.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија