Memorandum_mk
28.11.2018
ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПРИМЕНА НА ПОВЛАСТЕНА ДАНОЧНА СТАПКА ЗА ПРВ ПРОМЕТ НА СТАНОВИ И СТАНБЕНИ ЗГРАДИ

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност објавен во „Службен весник на РМ“, бр.198 од 31.10.2018 година, пропишано е продолжување на рокот за примена на повластена даночна стапка од 5% за секој извршен прв промет на станови и станбени згради кои се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата.
Повластената даночна стапка од 5% на првиот промет на станови и станбени згради ќе се применува до 31.12.2023 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија