Memorandum_mk
27.11.2018
Пуштен во употреба новиот реновиран објект на даночното одделение во Гевгелија

Даночното одделение во Гевгелија, од денес функционира во целосно реконструирана зграда, со нов модерен изглед и подобри услови за вработените. Свеченото пуштање во употреба го изврши директорката Сања Лукаревска во присуство на помошник директорот Душко Гошевски и коодинаторот на даночното одделение Јане Картов.

Имаме нови реновирани простории со коишто им даваме основни услови за работа на нашите колеги. Ние, секогаш сме на линија со проблемите и сугестиите коишто ги примаме и од нашите колеги, но и од граѓаните. Од исклучителна важност е да се обезбедат нормални услови за работа, изјави Лукревска.
Со средства на Управата за јавни приходи, во рамки на проектот “Кориснички ориентирана околина”, реновирани се 400м2 корисна површина. Направена е нова фасада, заменети се сите прозорци и врати и комплетно е променета електричната, водоводната и мрежната инсталација.

Надворешниот дел има паркинг простор за вработените, како и за странките, а изградена е и пристапна рампа за лица со телесен инвалидитет.

     
     
     

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија