Со цел граѓаните да можат да се Регистрираат и го поднесат Барањето за регистрација на системот е-Персонален данок во законскиот рок, Управата за јавни приходи покрај дополнителните шалтери (види соопшение http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/660 и http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/663) ги известува граѓаните дека сите даночни канцеларии на УЈП до 31.12.2018 година ќе работат и во сабота од 08.30 до 14 часот.
Потсетуваме дека Барањата за регистрација на системот е-Пероснален данок, може да се поднесат и во Дирекцијата за големи даночни обврзници.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.