Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
17.10.2018
Скопје - 17.10.2018 година, Управата за јавни приходи, домаќин на националните координатори на ЕУ Програмата Фискалис 2020

Управата за јавни приходи во периодот 17 и 18 Октомври 2018 година ќе биде домаќин на националните координатори на ЕУ Програмата Фискалис 2020 на која ќе присуствуваат 33 учесника од 31 земји членки на ЕУ и земји кандидати за членство во ЕУ, како и двајца претставници од Директоратот за Царина и оданочување (DG TAXUD) при Европската Комисија.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска го отвори состанокот со поздравен говор кон присутните потенцирајќи ја корисноста од учеството на Управата за јавни приходи во ЕУ Програмата Фискалис 2020 и им посака успешна работа на присутните во наредните два дена.
На овој состанок Националните координатори ќе ги разгледуваат работните процеси во имплементирањето на алатката Работни посети во рамки на Фискалис 2020, резултати и предлози произлезени од работата на работната група за подобрување на ефикасноста од работните посети а воедно ќе одржуваат и работни сесии и дискусии каде ќе ги разменуваат најдобрите практики во користењето на оваа алатка. 

Програмата Фискалис 2020 е програма на Европската унија во рамките на Генералниот директорат за даноци и царина (DG TAXUD) под раководство на Европската комисија чија oсновна цел е да се подобри функционирањето на даночните системи преку зголемување на соработката, размена на информации помеѓу земјите учеснички, нивните администрации и службеници во полето на даноци. Освен даночните администрации на Земјите членки на Европската унија, Програмата е отворена и за даночните администрации на земјите со кандидатски статус.

Оваа програма овозможува финансиска поддршка која покрива Заеднички активности (семинари, работилници, работни посети, студии), Градење на Европските Информациони Системи, (заедничко интегрирање на големи транс европски ИТ системи, како и воспоставување на мрежи преку здружување на национални претставници од цела Европа), Активности за заеднички обуки за поддршка на потребните професионални вештини и знаења во врска со оданочувањето.

Управата за јавни приходи беше корисник на програмата „Fiscalis 2013“ во периодот 2009-2013 година, а во периодот 2014-2020 година е корисник на програмата „Fiscalis 2020“.

     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија