Memorandum_mk
10.10.2018
Приштина - 10 октомври 2018 година, Делегација на Управата за јавни приходи во посета на Косовската даночна администрација

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и Директорот на Косовската даночна администрација Сакип Имери на денешната средба во Приштина потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на Меморандумот за соработка двете институции ја искажуваат својата спремност за интензивирање и продлабочување на соработката во делокругот на нивното работење, размена на искуства, трансфер на знаења и најдобри практики, потикнување на доброволна даночна усогласеност, како и превенција, откривање и борба против даночната евазија во двете земји. 

     

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија