Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
06.09.2018
Директорката на УЈП на Економскиот Совет на Општина Велес - Продлабочување на соработката помеѓу бизнис заедницата и државните институции

(Велес) Денес 06.09.2018 година, Директорката на Управата за јавни приходи заедно со Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски присуствуваше на 4-та седница на Економскиот Совет на Општина Велес каде што фокусот беше продлабочувањето на соработката помеѓу бизнис заедницата и државните институции. На седницата присуствуваа околу 50 претставници на бизнис секторот, а учесниците имаа можност да дознаат повеќе детали за идните планови на двете институции во поглед на обезбедување поддршка за компаниите кои се активни на подрачјето на општина Велес.

„Наш интерес е просперитетна Македонија, економски силна која ќе донесе подобра иднина за сите нас. Македонија припаѓа на Европската Унија, сакаме повисок животен стандард, сакаме граѓаните да остваруваат поголеми приходи, поголеми инвестиции кои ќе донесат и нови работни места. Во изминатиов период посетив успешни компании, ги слушнав нивните сугестии, критики и проблеми. Мораме да градиме партнерски однос и заеднички да допринесеме кон понатамошен развој на бизнис климата, да се бориме против корупцијата и сивата економија, да отпочнеме да ги живееме европските вредности, не само декларативно, туку вистински. Македонија, сите ние, го заслужуваме членството во ЕУ и во НАТО, затоа што таму припаѓаме.
Како и граѓаните, така и институциите веќе се соочуваат со сериозни предизвици и интензивно работиме токму на заживување на европските вредности во нашето секојдневно работење.
Заедно со нашиот партнер - Европската Унија, интензивно работиме на даночните реформи, кој е и главен донор на капиталните проекти кои веќе се реализираат и ќе се реализираат во наредните 4 години. Со најавената поддршка од 6 милиони евра од ЕУ преку ИПА 2 програмите и дополнителни 6 милиони евра од Буџетот на РМ, треба да се реализирираат нашите приоритети за воспоставување на електронска даночна администрација, автоматизација на работните процеси и развој на дигитилни даночни услуги кои ќе овозможат и мобилизација на приходите и стабилност на системот за управувањето со јавни финансии, но најважно квалитетни и побрзи услуги за даночни обврзници.
Во фокусот на нашите реформи е граѓанинот, бизнисот, даночниот обврзник пред се, создавање на услови за фер натпревар на пазарот, фер оданочување „данок ниту повеќе, ниту помалку“
– истакна Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија