Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври број 27 / спроти Даре Џамбаз), Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава лоцирани:
- на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
- општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица);
- општина Бутел во општинската зграда;
- општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП); и
- општина Аеродром, во општинската зграда на втори кат.
На овој начин граѓаните од Скопје но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишната даночната пријава за утврдување на персонален данок на доход (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП (види http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).
Прием на Годишните даночни пријави во горенаведените општини ќе се врши од 26.02.2018 година до 15.03.2018 година, во период од:
- 07:00 до 21:30 часот во Регионална дирекција Скопје;
- 07:00 до 21:30 часот на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
- 08:30 до 16:30 часот во Даночниот шалтер Чаир;
- 08:00 до 16:00 часот во општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел; и
- 08:00 до 18:00 часот (во две смени) во општина Аеродром.
За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.
Корисни информации
Заклучно со 22.02.2018 година, во УЈП се поднесени вкупно 85.031 Годишни даночни пријави, а се очекува да се поднесат над 400 илјади даночни пријави до истекот на крајниот рок 15-ти Март.
Скопје |
29,000 |
275 |
29,275 |
Битола |
11,728 |
29 |
11,757 |
Тетово |
7,313 |
38 |
7,351 |
Струмица |
5,777 |
27 |
5,804 |
Прилеп |
10,881 |
42 |
10,923 |
Штип |
19,861 |
60 |
19,921 |
ВКУПНО |
84,560 |
471 |
85,031 |
Извор: Управа за јавни приходи