Memorandum_mk
18.01.2018
Известување за евиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата

Се известуваат сите ДДВ обврзници кои од Управата за јавни приходи добиле барање да доставуваат табеларен преглед на влезни и излезните фактури како прилог на Пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 преку системот е-даноци заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава дека обврската по барањето престанува односно прилозите не треба да ги доставуваат кон ДДВ-04 пријавата .
ДДВ обврзниците кои добиле барање од овој вид од УЈП, при поднесување на Пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 за даночните периоди (01.10-31.12.2017 и 01.12-31.12.2017) за кои рокот за поднесување е најдоцна до 25 Јануари 2018 година, не треба да достават Табеларнен преглед со влезни и излезните фактури во прилог на даночната пријава.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија