Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.10.2017
СОРАБОТКА СО ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА ЦРНА ГОРА И НА ЕСТОНИЈА ВО РАМКИ НА ФИСКАЛИС 2020 ПРОГРАМАТА

(Скопје, 24-26.10.2017) Претставници од даночната администрација на Црна Гора беа во работна посета на Управата за јавни приходи на која се разменија искуства во делот на: законски одредби врз кои се заснова регистрацијата на даночните обврзници; Регистрација на стопанската дејноста, Процесот на регистрација преку автоматска размена на податоци помеѓу Управата за јавни приходи и Централниот регистар (едношалтерски систем); Процес на доделување на Единствен даночен број (ЕДБ); Доделување на единствен даночен број (ЕДБ) директно во УЈП; Електронска регистрација преку системот на е-даноци за правни лица и физички лица (физички лица). Даночните службеници од Црна Гора имаа можност да се запознаат и со организационата структура, инфраструктурните капацитети и ИТ решенијата, како и со комуникациски канали и новите услуги што ги нуди Контакт Центарот на УЈП.

Истовремено, во работна посета на Управата за јавни приходи беше и претставник од даночната администрација на Естонија на која се разменија искуства во делот на: законските одредби за постапка за ДДВ регистрација; контролни мерки / механизми пред регистрација за целите на ДДВ, (посети, задолжителни проверки и документација, ефективност на контролниот механизам); Постапка за ДДВ поврат на и критериуми за ДДВ поврат; Reverse Charge System - ДДВ регулатива и практични случаи; Критериуми за ризик за контрола; Случаи на даночно затајување.
Овие работни посети беа реализирани во рамки на програмата на ЕУ Фискалис 2020, на која Управата за јавни приходи е корисник.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија