Memorandum_mk
26.10.2017
Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 27 октомври

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2017) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2017 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија