Memorandum_mk
25.08.2017
„Тренд“ е затворен поради користење на нефискализирани апарати и издавање на „компјутерски“ сметки

Во врска со текстот „Тренд“ затворен поради логото на Аеродром на шеќерчињата? (објавен на интернет веб порталот republika.mk на 25.08.2017 година и на социјалните мрежи) Управата за јавни приходи најостро реагира на неточно презентирање и искривување на информациите за работењето на УЈП од страна на republika.mk.
Информираме дека поради утврдени неправилности во деловниот објект, односно констатирано нерегистрирање на готовинскиот промет и издавање сметки од паралелен компјутерски систем кој не е поврзан со ГПРС системот на УЈП, донесено е времено решение со кое на даночниот обврзник му се забранува вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена, и изречена е глоба од 4550 евра за сторен прекршок согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Потсетуваме дека засилениот мониторинг се спроведува низ цела држава, не само на одредени локации, а затворени се и други познати угостителски објекти. Дополнително на предупредувањата, пред два месеци беше најавен засилениот мониторинг на готовинскиот промет и контролите од страна на Управата за јавни приходи. На таа прес конференција меѓуостанатото се укажа дека употребата на апарати кои не се фискализирани е кршење на Законот за регистрирање на готовински плаќања (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/162).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија