Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
20.06.2017
Примопредавање на должноста Директор на УЈП

Скопје – По повод примопредавањето на должноста, денеска беше остварена средба помеѓу новата директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска и досегашната, Анастасија Илиеска.
На средбата, меѓуостанатото, се разговараше за тековните проблеми, предизвици на даночната администрација, модернизацијата и даночните реформи.

„Да се биде Директор на УЈП е предизвик за секој даночник. Со моето долгогодишно искуство во УЈП, функцијата на прв даночник и да се управува со даночната администрација е голема одговорност, особено ако се земе предвид дека станува збор за институција која истовремено треба да обезбеди праведно и ефикасно собирање на даноците, но и да го сервисира стопанството и да обезбеди висок квалитет на услуги за сите граѓани. Она што би сакала да го потенцирам е дека моето делување и посветеност ќе биде во насока на понатамошно остварување на мисијата и визијата на Управата, но и кон нов квалитет на даночните реформи засновани на зголемување на транспарентноста, активна и неселективна борба против неплаќачите на данок, поедноставување на постапките за пријавување и плаќање на даноците и секако грижа за моите колеги, односно унапредување на професијата даночник“ – истакна Директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

       
     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија