Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
15.02.2017
До 15-ти Март се очекува над 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава во УЈП

Апелираме граѓаните да не ги чекаат последните денови пред истекот на рокот (15-ти Март 2017) за поднесување на Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), а со цел избегнување на метежи на даночните шалтери.
Имено, заклучно со 13.02.2017 година, 51.616 граѓани ја исполнија својата даночна обврска, а во наредниот период се очекува уште над 350 илјади даночни обврзници да ги пријават приходите во УЈП, односно обврзниците кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/587).

Граѓанинот кој е од друг град, но работи, живее, студира..., односно е со привремен престој во Скопје, даночната пријава може да ја поднесе во Контакт центарот на УЈП, на новата локација во зградата на Регионална дирекција Скопје (ул. „11 Октомври” бр. 27, 1000 Скопје).

Годишната даночна пријава можете да ја поднесете и по пошта (во 1 примерок) на адресата на надлежната Регионална дирекција на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt).

Доколку сте регистриран корисник на е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, поднесете ја пријавата електронски.

За подетални информации и одговори на најчесто поставуваните прашања, преземете ја Брошурата „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).

 

Корисни информации

Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 13.02.2017 година
Регионална дирекција на УЈП  Поднесени
ПДД-ГДП
Електронски
ПДД-ГДП
ВКУПНО
Скопје 12670  124 12794
Битола  8302  13 8315
Прилеп  8042  33 8075
Струмица 5881 27 5908
Тетово 3182 21 3203
Штип 13288 33 13321
ВКУПНО 51365 251 51616

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија