Memorandum_mk
02.02.2017
НАСОКИ ЗА НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКА НА МПИН ПРЕСМЕТКА ОД СТРАНА НА ИЗВРШИТЕЛ

Од 01.01.2017 година со стапување на сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година извршителите стануваат обврзници за пресметка и уплата на придонеси за обврзник за плаќање за кој имаат спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда.

Начин на пополнување на МПИН пресметка од страна на извршител
Основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е основицата за придонеси која е утврдена во судската пресуда. Извршителот изготвува поединечна МПИН пресметка за секој тужен работодавач и врши пресметка на платата за сите обврзниците за плаќање – тужители по периоди утврдени со судската пресуда. Поднесувањето на МПИН пресметката се врши рок од пет дена по денот на спроведеното извршување од парични средства од обврзникот за пресметка и уплата на придонесите, по електронски пат (преземи нова верзија МПИН клиентски софтвер http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81), со пополнување на МПИН пресметка со следните комбинации на вид на обврзник/обврска:

  • Вид на обврзник 310 и вид на обврска 509 – Пресметката се пополнува со податоци поединечно за секој обврзник за плаќање за кој извршителот има спроведено наплата од парични средства за придонеси по основ извршување на судска пресуда. Во полето 2.14 задолжително се внесува податок за ЕДБ на тужениот работодавач кај кој обврзникот за плаќање има заснован работен однос. Овој податок за ЕДБ задолжително се внесува и во полето 3.26 од клинетскиот софтвер. Доколку согласно судската пресуда исплатувате разлика на плата, во тој случај пресметката на придонесите се врши на износот на досудената разлика на плата. МПИН пресметката се поднесува за секој месец поединечно.

  • Вид на обврзник 310 и вид на обврска 503 – Оваа пресметка се пополнува на ист начин како пресметката со вид на обврзник 310 и вид на обврска 509, а се користи доколку има потреба за исправка на податоците од поднесена и платена пресметка со вид на обврзник 310 и вид на обврска 509.

Други корисни информации во врска со регистрација за добивање на Код за идентификација, пополнување и поднесување на МПИН пресметките можете да ги преземете од веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/132).

Обуки за подготовка на МПИН пресметка од страна на извршител
За извршителите кои ќе изразат потреба од стекнување на практични знаења и вештини за пополнување и поднесување на МПИН пресметки согласно измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година, Управата за јавни приходи ќе организира обуки. За посета на обуки на оваа тема, пријавувањето се врши преку Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија