Во периодот од 12 до 30 септември 2008 година, Управата за јавни приходи спроведе засилен инспекциски надзор на работењето на бензиските пумпи во делот на фискализацијата и регистрирањето на готовинските плаќања.
Контролирано е работењето на бензиски пумпи на целата територија на Македонија, при што кај 40 даночни обврзници Управата за јавни приходи утврди неправилности во работењето – во поголемиот број случаи даночните обврзници не издавале фискални сметки, односно кај истите е утврдена разлика (кусок или вишок) меѓу остварениот промет и регистрираниот промет.
Бројот на затворени бензиски пумпи по Регионални Дирекции на УЈП е следна:
- РД Скопје – 5
- РД Штип – 7
- РД Струмица – 10
- РД Прилеп – 6
- РД Тетово – 7
- РД Битола – 5
На сите субјекти, кај кои УЈП има утврдено неправилности, изречена им е мерка забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена, како и глоба која се движи во износ од 1.000 евра во денарска противвредност за правното лице и 500 евра во денарска противвредност за одговорното лице кај правното лице.