Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
08.11.2016
Билатерална соработка – Работна посета на Националната агенција за приходи на Р. Бугарија
              

 

(Софија, 08.11.2016) - Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), г-ѓа Анастасија Илиеска, денес е во еднодневна работна посета на Националната агенција за приходи (НАП) на Р. Бугарија, каде што оствари работен состанок со г-дин Бојко Атанасов, генерален директор на НАП и со високото раководство на Агенцијата.
 

        

За време на работната средба, целни теми во фокусот на внимание, се поставија проектите кои се реализираат со поддршка на ЕУ, бенефитите од користење на ЕУ Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX), понатаму искуства од процесот на интеграција во ЕУ, даночната политика и законските рамки во двете земји и други отворени прашања кои се во домен на интерес и за двата државни органи.
На средбата, директорката Илиеска, се осврна на моменталните приоритети и предизвици со кои се соочува УЈП, процесот и постапката на модернизација во кој се наоѓа самата управа, како и за останати клучни стратешки теми кои се неспорно битни во професионалниот однос на релација даночна управа и даночен обврзник.
Соговорниците ги потенцираа можностите и потребата од зaeднички проекти кои би ги реализирале двете институции, со акцент што повеќе да се доближи работата и соработката на даночните службеници од двете земји и на тој начин да се креира позитивна клима и размена на искуства.
Раководствата од двете страни, ја отценија денешната средба за исклучителна продуктивна и пример за останатите институции на државите од регионот, за соработката на меѓународен план.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија