Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.11.2016
НАСОКИ ЗА НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКА НА МПИН ПРЕСМЕТКА ОД СТРАНА НА СТЕЧAЕН УПРАВНИК

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година, предвидена е нова категорија на обврзник за пресметка и уплата на придонеси „стечаен управник“ за вработен кај должникот кого го застапува и претставува, за месеци пред отварање на стечајната постапка, доколку распределениот дел од стечaјната маса за придонеси е помал од обврската за придонеси пресметана од должникот.

Начин на пополнување на МПИН пресметка од страна на стечаен управник
Попополнувањето на МПИН пресметката од страна на стечаен управник (преземи нова верзија МПИН клиентски софтвер http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) се врши за месеци пред отварање на стечајната постапка со следните комбинации на вид на обврзник/обврска:

  • Вид на обврзник 122 и вид на обврска 300 – Оваа комбинација на вид на обврзник/обврска се користи во случај кога со износот на распределениот дел од стечaјната маса не се обезбедени средства за целосно намирување на обврската пресметана од должникот по МПИН пресметка за одреден месец. При пополнување на пресметката со вид на обврзник 122 и вид на обврска 300 се вклучуваат сите лица кои во месецот се вработени кај работодавачот. Стечајниот управник пропорционално ја намалува бруто основицата за пресметка на придонесите кај сите вработени со цел распределениот дел од стечaјната маса да одговара на износот на пресметаната обврска во МПИН пресметката.
  • Вид на обврзник 122 и вид на обврска 313 – Пресметката со комбинација на вид на обврзник 110 и вид на обврска 313 претставува конечна пресметка од стечаен управник и се поднесува откако МПИН пресметката со вид на обврзник 122 и вид на обврска 300 е поднесена и платена, а со износот од распределениот дел од стечaјната маса обезбедени се средства за целосно намирување на обврската пресметана во МПИН пресметката од страна на должникот. Во пресметката се вклучуваат сите вработени кај должникот, на кои им се пресметува бруто платата на основица која е еднаква на пријавеното побарување во стечајната постапка. Системот за интегрирана наплата на УЈП автоматски ќе ја намали обврската за придонеси од задолжително социјално осигрување и персонален данок на доход за платениот износ по овие основи со пресметката со вид на обврзник 122 и вид на обврска 300.
  • Вид на обврзник 122 и вид на обврска 323 - Комбинација на вид на обврзник/обврска која се користи во случај кога при конечна распределба на стечајната маса не се обезбедени средства за целосно намирување на обврската пресметана од должникот по МПИН пресметка, поради што обврската за бруто плата се изедначува со распределениот дел од стечaјната маса. При пополнување на пресметката со вид на обврзник 122 и вид на обврска 300 се вклучуваат сите лица кои во месецот се вработени кај работодавачот. Стечајниот управник пропорционално ја намалува бруто основицата за пресметка на придонесите кај сите вработени со цел распределениот дел од стечaјната маса да одговара на износот на пресметаната обврска во МПИН пресметката. Во оваа пресметка за вработените лица се користи шифра за вид на стаж 0038.

Други корисни информации во врска со регистрација за добивање на Код за идентификација, пополнување и поднесување на МПИН пресметките можете да ги преземете од веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/132).

Обуки за подготовка на МПИН пресметка од страна на стечаен управник
За стечајните управници кои ќе изразат потреба од стекнување на практични знаења и вештини за пополнување и поднесување на МПИН пресметки согласно измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 17.10.2016 година, Управата за јавни приходи ќе организира обуки. За посета на обуки на оваа тема, пријавувањето се врши преку Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија