Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
01.11.2016
Билатерална средба на првите даночниците од Македонија и Црна Гора

                                     Директорот на Управата за јавни приходи г-ѓа Анастасија Илиеска, денес (вторник) 01.11.2016 година, во просториите на УЈП Генерална дирекција Скопје, оствари работна средба со делегација на Даночната управа на Република Црна Гора, предводена од генералниот директор г-дин Миомир Мугоша, придружуван од замениците директори г-дин Сретен Гребовиќ и г-дин Драган Јанковиќ.
Соговорниците, обострано го споделиа мислењето дека денешната работна средба е добар почеток и пример за понатамошна успешна соработка, пред се добра можност да се поразговара конструктивно, дирекно за секојдневните предизвици со кои се соочуваат управите на двете земји, особено од двете страни, беше поздравен принципот на подадена рака, што практично значи соработка на билатерално ниво.
     

Директорот на УЈП, г-ѓа Илиеска изрази задоволство и истакна „Посетата на делегацијата на Даночната управа на Црна Гора претставува одлична можност одблиску да се поразговара за односот и пристапот кон даночните обврзници, да се увидат добрите практики во самата работа, и да се дискутира за клучни прашања кои ги тангираат управите во нивното секојдневно функционирање“.
Соговорниците особено разменија искуства и мислења околу управувањето со долгот и стратегиите за контрола на пристап и е-ревизија, како клучни теми во работата на двете управи.
Во самата дискусијата, соговорниците, клучен акцент ставија на законските рамки со кои располагаат двете управи, како и размената на информации околу правната регулатива, која ја опфаќа даночната политика, процесот на оданочување и модернизација, односно воведување и имплементација на електронски услуги за даночните обврзници, се со цел зголемување на нивото на ефикасност во наплатата.
Во контекст на разговорот која се водеше, Илиеска потенцира дека еден од клучните фактори за постигнување на ефикасна работа и успешни резултати, е токму размената на информации и добри практики, истакнувајќи дека проблемите се нашиот предизвик во самата работа, процесот на модернизација и овозможување на едноставни и брзи услуги за даночните обврзници, е врвен приоритет и стратешка цел на македонската УЈП.
Воедно, Илиеска, потенцира дека УЈП целосно е насочена кон исполнување на законските обврски, посветено работиме да го зголемиме нивото на лојална конкуренција, да придонесеме, да се зголеми нивото на наплата на даноци, да се намали сивата економија и да овозможи нормално извршување на функциите на буџетот на државата и се што е во интерес на сите граѓани.
Притоа, на средбата Илиеска дополни, во периодот што претстои како УЈП целосно сме насочени да бидеме што поблиску до даночните обврзници, преку едукативни програми и средби, дирекно со граѓаните да го подигнеме нивото на свест и взаемна соработка се со цел даночната политика во земјата да биде на повисоко ниво.

     
  Понатаму, се разговараше и за можни, идни, заеднички проекти кои би ги реализирале двете управи, со акцент што повеќе да се доближи работата и соработката на даночните службеници од двете земји и на тој начин да се креира позитивна клима и размена на искуства.
Раководството на двете управи, обострано искажаа и повикаa на недвосмислена меѓусебна доверба и поволна клима за соработка, како пример и поттик за останатите управи на државите од регионот.
Пораката е јасна, заеднички, преку меѓусебна билатерална соработка, усогласени со регулативата на ЕУ, да ги развиваме односите, да го градиме духот на професионализмот и на најдобар можен начин, управите со своето функционирање, да допринесат во економскиот развој на сопствените држави, порача г-ѓа Анастасија Илиеска, директор на Управата за јавни приходи.
     

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија