Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
21.07.2016
Демант - СДСМ „(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА“

Во врска со соопштението објавено од политичката партија СДСМ: „(Доказ) Ставрески се жалел од Миноски до Владата за ИПА“ од 21.07.2016 година, Управата за јавни приходи реагира на неточно презентирање и искривување на информациите за работењето на УЈП, но и жалење за елементарно непознавање на оваа политичка партија за управувањето со ИПА проектите.

Имено, презентираниот документ „Информација за статусот за реализација на ИПА портфолиото на УЈП“ е наменет за информирање на Владата на РМ, а кој УЈП го подготвува и доставува секој месец почнувајќи од 2015 година, а ќе продолжи се додека не се имплементираат сите проекти. Не ни е јасно во кој дел од документот е наведено дека „...ИПА програмата не може да се реализира“, бидејќи напротив во Информацијата јасно е наведен статусот на реализација на проектите на УЈП т.е. Проектот за изведување на работи за реновирање на Контакт центарот во вредност од 235.710,88 е завршен на 20.11.2015 година, двегодишниот Твининг проект со шпанската даночна администрација во вредност од 800.000 евра е во тек и во завршна фаза на имплементација, Договорот за набавка на канцелариски мебел за новиот Контакт центар во вредност од 48.473,00 евра е склучен и испораката е отпочната на 10 јуни 2016 година, а останатите Договори за набавка на опремата за Контакт центарот и Мобилните даночни шалтери моментално се во фаза на тендерирање или склучување на договори, односно се чека достава на понуди или склучување на договор со избраниот понудувач.
Ако се има предвид горенаведеното, односно дека сите ИПА проекти во УЈП се завршени или се во тек на реализирација, во очајнички обид за ситни политички поени, СДСМ вади извадоци од документ кои се однесуваат на статус на идентификувани ризици кои се составен дел и се дефинираат во секоја проектна документација согласно ЕУ ИПА регулативата, а кои ризици имаат за цел превентивно делување на институцијата/корисник и преземање навремени мерки од сите инволвирани страни во ИПА проектите, за да се осигура нивна успешна имплементација.

Изразување жалење што дневно политичките настани за некои се поважни од евроинтегративниот процес на Македонија и од долгогодишните ИПА програми во кои институциите и сите инволвирани страни вложуваат многу.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија