Memorandum_mk
25.01.2016
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ, ИЗДАВАЊЕ НА ЗБИРНИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК И НАСОКИ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Т.Н. „ХОНОРАРЦИ“

Фирмите и работодавците, имаат уште неколку дена до истекот на законскиот рок за поднесување на:

  • Годишен извештај на исплатувачот на приходи за бруто остварените приходи, платениот данок и придонеси и вкупно исплатените нето приходи (образец ПДД-ГИ);
  • Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (образец ПДД-ГИ/ОЗП);
  • Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на корисен цврст отпад од физички лица (образец ПДД-ГИ/ОЦО);
  • Годишен извештај за корисниците на продажни места на зелените пазари (образец ПДД/ГИ-ЗП).

*) Бидејќи последниот рок (31-ви Јануари) за поднесување на извештаите се паѓа во недела (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот даночните обврзници истите може да ги поднесат и на 1-ви февруари 2016 година (понеделник) како прв работен ден.

Насоки за пополнување на Годишниот извештај ПДД-ГИ за извршени исплати на надоместоци за кои постоеше обврска за плаќање на придонеси т.н. „хонорарци“
Поради честите прашања од страна на сметководителите во врска со начинот на пријавување на исплатените приходи на граѓаните во 2015 година по основ на надоместок од договорите за кои постоеше обврска за плаќање на придонеси за т.н. „хонорарци“ (согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување во примена од 01.01.2015 до 31.07.2015 година), УЈП ги дава следните насоки и појаснувања.

При пријавување и пополнување на податоците во Годишниот извештај (образец ПДД-ГИ) за 2015 година, за исплатите на поле 3.4, 3.5, 3.6, 3.7, 3.8 и 3.10 кои во бруто износот ги вклучуваат и платените придонеси за исплати по основ на договорите за кои постоеше обврска за плаќање на придонеси (види и насоки http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/540), во тој случај бруто износот не е еднаков на збирот на исплатеното нето и платениот данок, затоа што во Годишниот извештај не се искажува износот на платените придонеси.

Извештаите пополнети на овој начин кај кои се јавува наведената математичка нееднаквост УЈП ќе ги смета за валидни, а проверката на платените придонеси УЈП ќе ја врши врз основа на службените податоци со кои располага (од поднесените МПИН-пресметки и месечните извештаи на исплатувачите МИ-Д/ИН).

Денес е законскиот рок за издавање на збирни пресметки на граѓаните!
На граѓанинот задолжително издадете му збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во изминатата 2015 година.
Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

Непочитување на законските рокови и обврски
Доколку до 31 јануари *), економските субјекти не поднесат Годишен извештај (ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ОЦО, ПДД/ГИ-ЗП), како и на граѓанинот не му издадат збирна пресметка за 2015 година до 25 јануари 2016 година, законот предвидува глоба во износ од 3.000 евра во денарска противвредност, а за направениот прекршок на одговорното лице во даночниот обврзник, ќе му биде изречена глоба во износ од 30% од одмерената глоба за даночниот обврзник.

Корисни информации
• (05.01.2016) Соопштение - „Персонален данок на доход - Поднесување на годишни извештаи за 2015 година“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/540).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија