Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
10.08.2015
ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност објавен во „Службен весник на РМ“, бр.129 од 31.07.2015 година, пропишани се следните измени и дополнувања:

Продолжување на рокот за примена на повластена даночна стапка од 5%

  • Секој извршен прв промет на станови и станбени згради до 31.12.2018 година, ќе се оданочува со повластена даночна стапка од 5%.

Измени во законските одредби со кои се регулира даночниот третман во слободните зони

  • Дефинирање на поимот „промет наменет за крајна потрошувачка во слободни зони“.

  • Добрата кои се внесуваат од слободните зони во земјата а кои имаат статус на домашна стока, согласно со Царинскиот закон, се оданочуваат со ДДВ.

  • Прометот на добра кои се превезуваат или испраќаат од земјата во слободните зони не е ослободен од ДДВ, само доколку вкупниот износ на надоместокот за извршениот промет без ДДВ е еднаков или помал од 60.000 денари.

Воведување на механизмот на пренесување на даночна обврска кога доверителот се стекнува со доброто во постапка на присилна наплата / присилно извршување

  • Во случај на примена на механизмот на пренесување на даночна обврска, субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилна наплата односно присилно извршување покрај актот кој е основ за стекнување со сопственост на добрата, треба да изготви и Извештај за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување.

  • Субјектот надлежен за постапката треба актот и Извештајот за пресметка на данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување да ги достави до должникот и до доверителот како стекнувач на доброто.

Допрецизирање на даночниот третман на прометот во постапка на присилна наплата / присилно извршување (член 43-а)

  • Субјектот надлежен за спроведување на постапката за присилно извршување треба да изврши уплата на данокот на додадена вредност и да го достави Извештајот за задржан данок на додадена вредност во постапка на присилна наплата и присилно извршување најдоцна во рок од пет работни дена од денот на одржаната делба.

  • Во даночната пријава за ДДВ (ДДВ-04) должникот нема обврска да го пријави прометот извршен во постапка на присилна наплата или присилно извршување, во ваков случај надлежниот даночен орган го задолжува за прометот врз основа на Извештајот (ДДВ-ПНПИ).

Даночен третман кај кетеринг услуги при производство на филм наменет за јавно прикажување

  • Овозможено е право на одбивка на претходен данок на ДДВ за издатоците за кетеринг за лица ангажирани од филмскиот продуцент.

Продолжување на рокот за барање на враќање на ДДВ за странски дипломатски / конзуларни претставништва и меѓународни организации

  • Барањето за враќање се поднесува најдоцна во рок од 5 години по истекот на календарската година во кој е извршен прометот кон подносителот на барањето.

Намалување на глобите

  • Казнените одредби во Законот за данокот на додадена вредност се усогласени со Законот за прекршоци.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија