Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
08.04.2015
Работодавачи од приватен сектор - Постапка за издавање на потврда од УЈП заради користење на ослободување од придонеси и персонален данок врз основа на новите мерки за вработување

Со последните измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на РМ“, бр.56/2015), предвидена е можност работодавачи од приватниот сектор да користат ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход, за одредени категории на лица, со исполнување на одредени услови пропишани со законот.

Работодавачите од приватниот сектор кои сакаат да го оставарат правото да бидат ослободени од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход врз основа на новите мерки за вработување, до Агенцијата за вработување на РМ, помеѓу другото, треба да достават и Потврда издадена од УЈП како доказ дека немаат неисплатени плати, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци повеќе од два последователни месеци.

Поднесување на барање “УЈП-УН-3.2-25“ заради издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси
За издавање на Потврдата, работодавачот од приватниот сектор треба да достави Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси (образец УЈП-УН-3.2-25) кое може да се преземе преку веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/111). Пополнетото барање УЈП-УН-3.2-25 во хартиена форма се поднесува до надлежната даночна канцеларија на УЈП, според местото на седиштето на барателот - работодавач од приватниот сектор.
Барањето УЈП-УН-3.2-25 може да се поднесе и по електронски пат преку системот е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk, доколку барателот е регистриран корисник.

Напомена: При пополнување на барањето УЈП-УН-3.2-25, во полето “описот на барањето“ задолжително да се внесе основот кој треба да гласи: „За ослободување од плаќање придонеси за задолжително социјално осигурување и/или персонален данок на доход согласно член 98-г од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.“

Барањето УЈП-УН-3.2-25 се таксира со административни такси во вкупен износ од 50,00 денари.
Административната такса може да се плати на уплатница Налог “ПП 50“ или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos“. По праќањето на пораката повратно се добива Трансакциски код кој се состои од 10 бројки.

Со цел барањето УЈП-УН-3.2-25 да не содржи формални недостатоци, потребно е истото да биде уредно пополнето. Задолжително треба да бидат пополнети податоците за идентификација и да биде приложена уплатница за извршена уплата на административна такса или да биде наведен трансакцискиод код за плаќање со СМС порака и барањето да биде потпишано.

По уредно пополнетото Барање, УЈП на обврзникот ќе му издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија