Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
27.03.2015
Фискализацијата важи и за саемските манифестации доколку изложувачите вршат продажба во готово

Во врска со текстот „Изложувачите на Саемот за мебел на мета на УЈП. Мора да имаат мобилен фискален апарат?!“ објавен на порталот Либертас (27-03-2015 10:16:38), Управата за јавни приходи ги демантира изнесените тврдења за наводна „пресија на инспектори на УЈП“.

Фискализацијата не е новина во Македонија и секој стопанственик знае дека доколку врши промет на добра и услуги во готово, плаќањето треба да го регистрира преку фискален апарат. Правилата важат и за саемските манифестации, кои по сите стандарди имаат промотивен и изложбен карактер, за разлика од панаѓурите.

УЈП не ја ограничува слободата на бизнисите на кој начин ќе ја реализираат продажбата, односно дали ќе наплаќаат во готово или плаќањето ќе се извршува безготовонски.
Саемските манифестации не треба да бидат извор на сива економија и нелојална конкуренција, а доколку изложувачите за време на саемот одлучиле да наплаќаат во готово треба за истото да поседуваат фискален апарат и да издаваат фискални сметки и во саемскиот простор, односно онаму каде се реализира продажбата и плаќањето во готово.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија