Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
26.03.2015
УЈП ОТВОРИ НОВ ШАЛТЕР ЗА РДТ ВО ЗГРАДАТА НА МАКЕДОНСКА РАДИОТЕЛЕВИЗИЈА

Со цел подобрување на услугите кон обврзниците на радиодифузна такса, од 23 март 2015 година во функција е новиот специјализиран шалтер на УЈП за давање на услуги поврзани со РДТ, кој е лоциран на приземјето во зградата на Македонската радиотелевизија (бул.Гоце Делчев бб, Скопје).
Со отворањето на овој шалтер, граѓаните и фирмите ќе можат на една локација да ги користат услугите за РДТ на двете институции, на УЈП надлежна за утврдување и наплата на радиодифузната такса и на ЈП Македонска радиотелевизија (МРТ) надлежна за исправка и ажурирање на адресни и матични податоци на обврзник за радиодифузна такса.

Целта на отворањето на Даночниот шалтер за РДТ, кој ќе работи секој ден од 08.30 до 18.00 и во саботите од 08.30 до 14.00 часот, е побрзо и поефикасно постапување по барањата и разрешување на состојбите со кои се соочуваат обврзниците на радиодифузна такса, како на пример: издавање на копија од решение за РДТ (изгубено или непримено решение), доставување докази од обврзниците за извршени уплати со цел прекнижување, затворање на заостанатите долгови во решенијата или опомените кои им ги доставила УЈП, издавање на аналитичка картица и други услуги и информации поврзани со евиденцијата на РДТ, плаќањето и постапките за наплата кои ги спроведува УЈП.


СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ ЗА РДТ

1) Редовно проверувајте ја состојбата на заостанатите долгови за радиодифузна такса

  • Информација за заостанатиот долг за РДТ е наведен во Решението кое УЈП го доставува секој месец до обврзниците за РДТ.
  • Доколку од било која причина не сте добиле Решение за РДТ, состојбата на заостанатиот долг можете да ја проверите и преку интернет, користејќи ги бесплатните електронски услуги е-РДТ достапни преку http://etax.ujp.gov.mk или преку мобилната апликација мТАX која можете да ја преземете преку GooglePlay за да вршите увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ од вашите паметни телефони и таблети. Постапката на регистрација за е-РДТ е бесплатна за граѓаните!

2) Навремено интервенирајте во УЈП доколку сте извршиле плаќање на РДТ, а ви се евидентирани долгови

  • Доколку за вас се води податок дека имате заостанат долг за РДТ, и покрај тоа што ги имате намирено своите обврски, доставете доказ за извршената уплата (уплатница / извод) во УЈП.
    - Доколку уплатата е извршена од друго лице за ваша сметка како обврзник за РДТ, при што во уплатницата е наведен ЕМБГ на лицето што ја извршило уплатата, тогаш приложете го и Решението/Опомената во кое се наведени податоците за обврзникот за кој се однесува уплатата (ЕМБГ, интерна шифра).
    - Поради воведувањето на новиот Регистар од страна на ЈП МРТ, постојат случаи еден ист обврзник да се води со две или повеќе интерни шифри за РДТ (на пример, на старата интерна шифра се евидентирани долгови, а на новата интерна шифра обврзникот е во претплата). За да може да се изврши “спојување” на евиденциите, потребно е во УЈП да приложите Решение за РДТ со старата интерна шифра, Решение за РДТ со новата интерна шифра, како и доказ за ваша идентификација како обврзник за РДТ.
  • Во определени случаи и покрај тоа што сте извршиле навремена уплата на РДТ, истите не се евидентираат во УЈП поради неможноста да се идентификува плаќањето. За да може УЈП навремено да ги прокнижи и да ги идентификува вашите уплати на РДТ, ви препорачуваме при плаќањето, во уплатницата (налог “ПП10“ или “ПП30“) или трајниот налог да ги внесувате целосно и точно податоците за идентификација: ЕМБГ/Интерна шифра за РДТ или Фолио број наведени во Решението или Опомената од УЈП по која се врши уплатата, како и да внимавате истите да бидат целосно и точно обработени од страна на носителот на платен промет.

3) Навремено извршите исправка/ажурирање на податоците во Македонската радиотелевизија во случај на двојно или повеќекратно задолжување на членовите на вашето семејство

  • Доколку на адресата на вашето семејно домаќинство пристигнуваат две или повеќе решенија за РДТ, навремено побарајте исправка во ЈП Македонска радиотелевизија, со цел да ги избегнете непотребните трошоци поврзани со постапките за присилна наплата на таксата кои ги спроведува УЈП.
  • Доколку пак членовите на семејството извршиле плаќање по решенија за РДТ со кои двојно биле задолжени (на пример, извршени се плаќања на РДТ на еден член на семејство, но и извршени се плаќања од страна на друг член на семејството, кои добиваат различни решенија за РДТ, а живеат на иста адреса и претставуваат семејно домаќинство), за да може УЈП да изврши “спојување” на евиденциите, потребно е во УЈП да приложите Решенија за РДТ со кои двојно се задолжуваат членовите на семејното домаќинство, доказ за ваша идентификација како обврзник за РДТ, потврда од ЈП МРТ за бришење на член на семејното домаќинство кој не е обврзник на РДТ.
  • „Барањето за исправка на податоци во регистарот на обврзници за РДТ“ (со прилог потребните документи децидно наведени во самиот образец) се доставуваат до Македонската радиотелевизија – Одделение за радиодифузна такса бул. Гоце Делчев бб, 1000 Скопје.
    Барањето преземете го преку веб страницата на МРТ (види http://mrt.com.mk/node/18719).
    НАПОМЕНА: Барањето (со потребните прилози) се прима и на шалтерите во сите даночни канцеларии, кој понатаму се препраќа за постапување во ЈП МРТ.
Pdf_16   Инфо проспект  (1 MB)
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија