Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
19.08.2008
Во врска текстот “Државата ги оданочи и спонзорствата” (“Време”, стр. 6, од 18.08.2008 година)

Во врска текстот “Државата ги оданочи и спонзорствата” од новинарот Силвана Јовановска, објавен во весникот “ВРЕМЕ” (стр. 6, на 18.08.2008 година), и информациите пласирани за даночното ослободување при давање донации и спонзорства во јавните дејности, Управата за јавни приходи ја информира јавноста:

Во случај на давање донации и спонзорства кај јавни дејности, кај данокот на добивка предвидено е даночното потикнување во вид на даночно ослободување за давателот на донацијата или сонзорството. Што се однесува до примателот на донацијата или спонзорството, дадената донација или спонзорство за него претставува приход кој истиот треба да го пријави во УЈП и за истиот не постои даночно поттикнување во вид на даночно ослободување.
Користењето на правото на даночното ослободување кај данокот на добивка кој даночниот обврзник го остварува како давател на донација, подразбира дека дадените донации кој во текот на годината достигнуваат до 5% од остварениот вкупниот приход во тековната година, на донаторот му се признаваат како расход и не се оданочуваат.
Кај спонзорството, даночното ослободување е регулирано на начин што на давателот на спонзорството му се признаваат дадените спонзорства (во тековната година кој достигнуваат до 3% од вкупниот приход остварен во тековната година) како расход и истите не се оданочуваат.
Доколку дадените донации и спонзорства достигнуваат над наведените износи се зголемува даночната основа за даночниот период и истите се оданочуваат со данок на добивка.

Давателот и примателот на донацијата-спонзорството се должни најдоцна во рок од 30 дена од денот на исполнување на договорот пред УЈП да достават извештај за дадената и примената донација кој вклучува: Договор помеѓу давателот и прiмателот на донацијата-спонзорството; Доказ (Решение од Министерството за правда) дека донацијата-спонзорството има карактер од јавен интерес и Потврда за донацијата-спонзорството со која примателот го потврдува добивањето.
Непочитувањето на обврските и процедурите (за остварување на правото на даночно поттикнување) од давателите и примателите на донации и спонзорства е казниво, и го исклучува остварувањето на правото на даночно ослободување за давателот на донацијата - спонзорството.

Против решението со кое на даночниот обврзник давател на донација-спонзорство не му е признато ова право, даночниот обврзник има право на жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението од УЈП, до Министерот за финансии.
УЈП стои на располагање на сите даночни обврзници (даватели и приматели на донации или спонзорства) за стручна помош и појаснување на нивните права и обврски.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија