Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
07.10.2014
На 14 октомври 2014 - Тимови од УЈП и МРТВ во посета на општина Ранковце

Мобилен даночен шалтер на УЈП ќе биде поставен пред објектот на Општина Ранковце на 14 октомври 2014 (вторник), од 10.00 до 15.00 часот. Ги повикуваме граѓаните од општина Ранковце лично да се информираат, да оставарат средба со тимовите од УЈП и ЈП Македонска радиотелевизија и да поднесат барања за сите прашања поврзани со радиодифузната такса.

Во соработка со тимот на ЈП МРТВ, граѓаните од оваа општина и населените места: Баратлија, Ветуница, Вржогрнци, Герман, Гиновци, Гулинци, Криви Камен, Љубинци, Милутинце, Одрено, Опила, Отошница, П’клиште, Петралица, Псача, Радибуш и Станча, ќе можат да извршат исправка/ажурирање на нивните адресни и матични податоци во Решенијата за РДТ, промена на обврзник на РДТ поради промена на сопственикот на стамбен или деловен простор, починато лице..., како и да пријават двојно задолжување на членовите на семејството или дека воопшто не добиваат решенија за РДТ.

Доколку граѓаните имаат неевидентирани плаќања за РДТ, сакаат да извршат увид во состојбата на платена/неплатена РДТ и имаат други прашања во врска со начинот на плаќања на РДТ можат да се обратат до тимот на УЈП, да достават доказ за извршена уплата на радиодифузна такса, да побараат преглед на картица за РДТ, препис на решение…

Истовремено, потсетуваме дека физичките и правните лица во Мобилните даночни шалтери на УЈП можат да ги добијат сите даночни услуги и информации, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања... За повеќе информации во врска со возниот ред на Мобилните даночни шалтери во другите општини посетете ја веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk или обратете се во Инфо центарот на 0800 33 000.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија