Memorandum_mk
25.09.2014
НОВО! Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови

Управата за јавни приходи изготви ново „Упатство за остварување на ДДВ ослободување за проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови“ кое обезбедува јасни насоки за имплементаторите на проекти и вршителите на промет на добра и услуги кон проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови, а со цел правилно спроведување за постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување пропишано со член 24-а и 53-а од Законот за данокот на додадена вредност.

Упатството обезбедува и практични информации за:

  • начинот и роковите за поднесување на Пријава за промет на добра и услуги ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ПЕФ-ДО) до УЈП;
  • начинот на издавање и сторнирање на Фактура за промет ослободен од данок на додадена вредност согласно член 24-а од Законот за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-ФП-ДО);
  • начинот и роковите за поднесување на Eвиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ);
  • користење на системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk во постапката за остварување на правото на ДДВ ослободување.

Преземете го Упатството преку веб страницата на УЈП (види http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/opis/259).

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија