Сите даночни обврзници кои се годишни ДДВ обврзници, од 01 јули 2014 година преминуваат во тримесечни даночни обврзници. За прв даночен период во 2014 година за овие даночни обврзници ќе им се смета периодот од 01 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година.
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност (“Службен весник на РМ”, број 12/14), се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година, поради што сите годишни ДДВ обврзници од 01 јули 2014 година ќе преминат во тримесечни ДДВ обврзници.
За прв даночен период во 2014 година, ќе им се смета периодот од 1 јануари 2014 година до 30 јуни 2014 година, и истите за овој даночен период ќе треба да поднесат ДДВ - 04 пријава како и да ја платат ДДВ обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.
Даночните обврзници кои ќе преминат од годишни во тримесечни ДДВ обврзници треба да се прилагодат за електронското пријавување на ДДВ преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, во спротивно нема да можат навреме да ја поднесат ДДВ-пријавата во УЈП.