Memorandum_mk
28.02.2014
Доставување на исправки на даночни пријави за данокот на додадена вредност “ДДВ-04“

Доколку како регистриран ДДВ обврзник, Годишната сметка до Централниот регистар ја поднесете во електронска форма најдоцна до 17 март 2014 година, тогаш и исправките на пријавите за данок на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) за даночниот период/и од 2013 година, може да ги поднесете до УЈП во рокот за поднесување на Годишната сметка, односно заклучно до 17 март 2014 година.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија