Memorandum_mk
30.01.2014
Насоки за поднесување на Годишни извештаи за персонален данок на доход

Ги информираме даночните обврзници, доколку имаат технички проблеми при поднесувањето на годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП преку системот е-Даноци, законската обврска ќе може да ја исполнат со поднесување на истите преку е-пошта: Kontakt.COP@ujp.gov.mk и со тоа да го запазат законскиот рок.

При поднесување преку е-пошта, кон меил пораката како прилози треба да се прикачат сумарниот и поединечните извештаи подготвени во TXT формат со содржина дадена во соодветните Упатства за електронска подготовка на годишните извештаи.
Истовремено, прилог кон меил пораката треба да биде и скенирана прва страница од извештајот, каде што се наведени општите податоци на даночниот обврзник.
Даночните обврзници кои имаат исплати кон најмногу 10 физички лица, наместо во TXT формат, сумарниот и поединечните извештаи може да ги достават скенирани, како прилог кон меил пораката. Испратениот меил со прилозите може да е со максимална големина од 10МБ.

НАПОМЕНА: За секој поединечен извештај на еден даночен обврзник, потребно е да се достават поединечни меил пораки, а во “Subject’ на меил пораката да се наведе ЕДБ на даночниот обврзник и видот на извештајот.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија