Memorandum_mk
26.09.2013
Нападната даночна службеничка во вршење на службени должности

Куманово - Денес/26 септември 2013 година, даночна службеничка - самостоен даночен референт од Даночно одделение Куманово, при вршење на службените должности била спречена и физички нападната од даночен обврзник. Имено, службеничката која вршела достава на Опомени за неплатена радиодифузна такса на граѓани, била физички нападната од страна на даночниот обврзник, кој истовремено брутално и ги одземал и запалил службените акти. Случајот е пријавен во СВР Куманово.

Иако ваквите инциденти се исклучоци, Управата за јавни приходи изразува згрозеност од бруталноста и навредите кои се упатуваат кон даночниците, а посебно кога се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија